AMD Strela
River Soft

 

РИЧ СЕ ПРОСТИ ОД БРАЌАТА БЛАЖО И ПЕНО, ВО СТРУМИЦА ДЕН НА ЖАЛОСТ

РИЧ СЕ ПРОСТИ ОД БРАЌАТА БЛАЖО И ПЕНО, ВО СТРУМИЦА ДЕН НА ЖАЛОСТ
Објавено на: 25 Jul 2012

Селото Рич денеска се прости од двајцата браќа Блажо Стојков и Пено Стојанов кои настрадаа во пожарот што избувна завчера на ридот над Струмица. Во домовите на двајцата загинати кои се оддалечени еден од друг само на стотина метри тага и молк. Скршени од болка нивните роднини и пријатели велат дека биле прекрасни  и хумани луѓе подготвени да помогнат во секоја ситуација.

,,Таква трагедија не е била тука. Никогаш немало таква трагедија до сега. Многу е жално, сите се растажени, плачат, не се влегува во собите. Беа многу добри луѓе, до сега никој се нема поплачено од нив. Жално е, помалиот има син и ќерка, а поголемиот има три деца деца. Двете ќерки се мажени, а синот не е женет.,, рече Стојан Ѓоргиев – роднина на починатите

Во Струмица денеска знамињата се на половина копје, општината од вчера прогласи ден на жалост, а советот на вонредна седница донесе одлука за финансиска поддршка  на семејствата на починатите и повредените лица во пожарот.

,, Советот едногласно донесе одлука за 100.000 денари финансиска помош на семејствата на починатите наши сограѓани и 20.000 денари на останатите 12 семејства, на 12 те повредени наши сограѓани од пожарот во Струмица.,, рече Зоран Заев градоначалник на општина Струмица

Во текот на денечниот ден полицијата поднесе кривична пријава против 24 годишна струмичанка која е осомничена дека го предизвикала пожарот .

 ,, Во времето меѓу 11.00 и 12.00 часот пријавената на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми  размери на место викано „Ч,млк“ над градот Струмица.,, рече Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица

 Во меѓувреме во непосредна близина на ридот кој гореше пред два дена денеска се појавија два нови пожари.Повторно бешее зафатена борова шума, но благодарение на брзата интервенција екипите од  сите надлежни институции и делувањето на противпожарните авиони на  Дирекцијата за заштита и спасување пожарот е локализиран и засега нема активно горење.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK