AMD Strela
River Soft

 

Црквата ,,Св.Стефан,, во Конче доби ново партерно уредување

Црквата ,,Св.Стефан,, во Конче доби ново партерно уредување
Објавено на: 06 Feb 2014

Југоисточниот плански регион ја збогати туристичката понуда. Манастирскиот комплекс Свети Стефан во Конче доби ново хортикултурно и партерно уредување. Новиот изглед на просторот околу манастирот Свети Стефан беше промовиран на свеченост на која покрај градоначалникот на општина Конче Благој Јованов присуствуваа и државниот секретар на Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска – Гугоска, преставници од Бирото за регионален развој, како и претседателот на советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион Ванчо Стојанов. 

konce

Проектот за уредување на просторот околу манастирскиот комплекс го реализираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со општина Конче и општина Радовиш како дел од регионалниот проект „Уредување на просторот околу манастирските локалитети на Св. Стефан“ во с. Конче општина Конче и Св. Ѓоргија во с.Ораовица општина Радовиш“ финансиран преку Бирото за рамномерен регионален развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година. Локалитетот „Конечки манастир - Манастир Св. ,,Стефан” во с.Конче е изграден во периодот 13 -14 век и претставува уникатна природна и културна вредност, со многу историја, легенди, митови, верски обичаи и настани, кои придонеле со текот на времето да стане вековно традиционално собиралиште на луѓето од овој крај и пошироко.

konce

Хортикултурното и партерно уредување на овој локалитет треба да придонесе да се зголеми и туристичката посетеност на овој  манастирски комплекс од граѓаните на Југоисточниот и Источниот плански регион, како и други домашни и странски туристи. 

konce

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK