AMD Strela
River Soft

 

Фантастичен концерт на Јордан Митев за 10 години фолк сцена

Фантастичен  концерт на Јордан Митев за 10 години фолк сцена
Објавено на: 16 May 2015

Фолк пејачот Јордан Митев со фантастичен концерт во Домот на АРМ во Скопје одбележа десет години постоење на македонската фолк сцена.  Енергично само во негов стил, придружуван од  групата ,,Академци,,  Јордан ја крена публиката на нозе со песните кои последниве години станаа хитови .

s

Ајде сите на нозе, Лубов голема,  Еднаш вака слава правам, Моја кралица  ,Мојот живот е казино  се  само дел од песните кои беа на репертоарот на Мите, кои публиката во глас ги пееш и играше со уметникот  кој цели десет години успешно се докажува не само како интерпретатор туку и како автор на музика и текст. 

jordan

Освен расположениот Јордан  кој беше неуморен докажувајки дека освен што пее, дека  знае да свири и традиционални македонски инструменти, на сцената во Домот на АРМ  во Скопје застанаа и неговите колеги Сузана Спасовска, гостинката од Бугарија Румјана Попова и маестрото на хармоника Милан Завков. Во публиката му се поклонија повеќе негови колеги и соработници бидејки не остави никој рамнодушен а својата енергија ја преточи на секој посетител во салата.

g

Средствата собрани од јубилејниот концерт  Јордан Митев ги донираше на семејствата на загинатите бранители во конфликтот во Куманово на кои беше оддадена почит со едномнинутно молчење.

g

Јубилејот 10 години постоење, Јордан Митев  ќе го одбележи и со нов албум кој би требало да излезе наскоро. Најава за албумот е новата песна ,,Оди душо оди,, за која музиката текстот и аранжманот ги направи славеникот од Подареш –радовишко Јордан Митев кој пак пред концертот го промовираше спотот за победничката и хитовската ,,Моја кралице,, со која лани славеше на Охрид фест.

f

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK