AMD Strela

 

Екологистите од „Планетум“ го расцветаа Струмичкиот плоштад

Екологистите од „Планетум“ го  расцветаа Струмичкиот плоштад
Објавено на: 06 Oct 2017

Еколошкото друштво „Планетум“ во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, „ја расцветаа“ неодамна поставената вертикална зелена градина на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Вертикалната градина со димензии од 3 метри височина и 4 метри во должина, хортикултурно е уредена со над 100 садници, хризантеми, темјанушки, перени, бршлен, каранфил, ниско растечка туја теди, украсна трева, а на истата има додадено и две клупи со должина од 1,5 метри кои ќе служат за одмор и релаксација на струмичани. Во ноќните часови ќе биде и осветлена.

Од ЕД „Планетум“ велат дека целта е да се овозможи зголемување на изборот на зелена инфраструктура во градот Струмица, преку изработка на модели за зелени вертикални градини.

„Исто така преку овој концепт за вертикални зелени градини би сакале да ги мотивираме и да влијаеме во иднина да се развијат зелени ѕидови на објекти и станбени згради, кои како еколошки трендови се почесто се застапени во архитектонска пракса. Со ова долгорочно гледано ако во нашето урбано подрачје се иницира практика на воспоставување вертикални зелени градини и ѕидови ќе се влијае позитивно на климата и поголемото количество на кислород, а намалување на јаглерод диоксид, намалување на прашината и загадувањето на воздухот, намалување на бучавата, лете ќе ладат, а во зима ќе ја задржуваат топлината како изолатор на згради. Сето тоа се разбира ќе има влијание и врз психолошката свест и продуктивноста кај човекот“ - вели Лени Јанакиева Цицимова од ЕД „Планетум“.

Текст и фото:Радио Струмица Нет

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK