AMD Strela

 

Јаневски:Ќе формираме Локален совет за култура и ќе обезбедиме кино сала

Јаневски:Ќе формираме Локален совет за култура и ќе обезбедиме кино сала
Објавено на: 06 Oct 2017

Нашата Струмица има многу свои белези кои ја прават посебна и препознатлива. Не само тука, во Македонија, туку и надвор од неа.

 Еден од нив е културата и нејзините вредности, кои од секогаш сме знаеле да ги почитуваме и негуваме. Затоа, сега сме и посакувана културна дестинација со богато културно наследство и со бројни манифестации и настани за сите генерации.  Општина Струмица знаеше и знае да ги препознава важноста и улогата на културата во развојот на Општината. Затоа и била нејзин партнер и најголем поддржувач. И во културата ќе работиме вредно и по план.

 Ќе ја имплементираме донесената Стратегијата за култура за периодот 2017 – 2022 година и акцискиот план за неа. Тие се плод на мобилизацијата на сите засегнати страни во општината кои работат во или се поврзани со културата.

 Ќе отвориме специјализирано Одделение за култура, во рамките на Општината, кое ќе работи за остварување на нашата визија. Со самото формирање на ова одделение ќе ни се отворат многу можности и простор за работа.

 Ќе формираме локален совет за култура, кој ќе биде советодавно тело и кое ќе работи во соработка со Одделението за култура, а ќе биде составено

од членови од општинската администрација, бизнис секторот, здруженија на граѓани од областа на културата и културните институции.

 Општина Струмица ќе обезбеди кино сала, која се појави како неминовна потреба за збогатување на културниот и социјалниот живот на младите.

Ќе реновираме објекти од областа на културата во руралните средини и ќе ја збогатиме програмата на културни настани во истите.

 Ќе го поттикнеме населението да учествува во креирањето на културната програма, во духот на парципативното креирање и планирање на локални програми и политики од интерес на граѓаните.

 Ќе ги одржуваме културно – историските споменици и ќе ги негуваме традициите и обичаите карактеристични за нашето поднебје.

 Општина Струмица во последните неколку години важи за општина со најмногу културни настани во текот на целата година кои привлекуваат големо внимание: Струмички карневал, Струмица опен фест, Ристо Шишков, Астерфест, Ликовна колонија како и многу други манифестации чија што организација беше и ќе биде финансиски и логистички поддржана од општина Струмица.

 Почитувани граѓани,

 Со оваа програма го даваме нашиот влог во развојот на културата во општината, остварување на визијата креирана заедно со граѓаните и продолжување во духот на заедничкото работење со граѓаните. 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK