AMD Strela

 

О Г Л А С за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица - Втор циклус

О Г Л А С за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица - Втор циклус
Објавено на: 10 Oct 2017

Проектот за управување со сливот на река Струмица ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции. 

Во насока на остварување на главната цел на проектот за подобрување на еколошкиот статус на басенот на реката Струмица и подобрување на условите за живот на населението, Проектот спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

За таа цел во рамките на проектот објавен е повик за избор на земјоделски производители кои би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Можност да се јават на повикот имаат производителите на овошни култури (сливи, јаболка и круши) и градинарски култури (пиперки и домати) од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

За учество на обуките планирано е да се изберат 25 производители на сливи, јаболка или круши (за обуките во Радовиш) и 25 производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) (за обуките во Струмица). Изборот на кандидатите ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми.

Понатаму преку тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука ќе се одберат 30 грантисти, 10 земјоделски производители на овошни култури (од сите 6 општини) и 20 производители на градинарски култури (од сите 6 општини).

Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.

Обуките ќе се организираат во периодот ноември 2017 – февруари 2018 година, додека тестирањето ќе биде организирано во текот на месец февруари 2018 година. Материјалите потребни за подготовка за тестирањето ќе им бидат достапни на сите учесници на обуката.
Крајниот рок за пријавување е 20 октомври 2017 година.

Целосниот текст на огласот во кој се наведени и критериумите за избор на кандидатите може да го симнете од следниов линк: ОГЛАС

Пријави:
1. Пријава за овоштари – за сите 6 општини
2. Пријава за градинари – за сите 6 општини

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK