AMD Strela

 

Полицијата го пронајде возачот што усмрти пешак кај Куклиш

Полицијата го пронајде возачот што усмрти пешак кај Куклиш
Објавено на: 08 Nov 2017

Струмичката полиција до Основното јавно обвинителст во Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј (22) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил кривично дело “Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Имено, на 04 овој месец,, во 04,30часот, на регионалниот пат Струмица-село Банско, поточно  на излезот од село Куклиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале  непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач и 72 годишен пешак од Куклиш,кој веднаш по ударот од здобиените повреди починал на лице место.     

Од страна на СВР-Струмица, а во координација со јавниот обвинител превземени се интензивни мерки и активности за пронаоѓање и идентификување на непознатиот возач,а во меѓувреме е распишана и централна потерница . Вчера дваесет и две годишниот возач е лишен од слобода на преминот „Табановце“ на излез од Македонија при обид за бегство  и со кривична пријава е  предаден во ОЈО – Струмица.

На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

                                                                                                                                                                                                                       Р.Т.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK