AMD Strela

 

Конкурс за доделување на годишна награда и животно дело на општина Струмица

Конкурс за доделување на годишна награда и животно дело на општина Струмица
Објавено на: 13 Nov 2017

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, распишува: 
К о н к у р с
за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

1. Годишната награда на општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на општина Струмица на правни и физички лица од општина Струмица, Република Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Република Македонија и пошироко.

2. Годишната наградата се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.

3. Наградата на поедници и група творци се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски
Свештеномаченици” и паричен износ.

4.Наградата на правни лица се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или на нивни претставници, се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски
Свештеномаченици” .

6.Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.

7. Право за предлагање на кандидати за наградата имаат: научни, стручни,стопански и други организации и заедници и граѓани - поединци.

8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се доставува предлогот.
Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9.Предлозите во 6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса:
Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за Годишна награда или животно дело, Струмица, лично во архивата на општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица ул.”Сандо Масев” бр. 1 Струмица.

10. Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2017 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Предлагачот е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK