AMD Strela

 

Омбудсманот меѓу граѓаните и институциите

Омбудсманот меѓу граѓаните и институциите
Објавено на: 15 Nov 2017

НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, на 17 ноември, петок, со почеток во 12 часот, во хотел Глигоров, во Струмица, ќе организираат презентација со дискусија: „Омбудсманот  - меѓу граѓаните и институциите“

На овој настан ќе биде презентирани наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.

 Говорници ќе бидат: Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Билјана Бејкова, извршнадиректорка на НВО Инфоцентар, Гордана Дувњак, новинарка, Иџет Мемети, народен правобранителиСлавчо Тимов, заменик – народен правобранител во Регионалната канцеларија во Струмица.

Во рамки на презентацијата ќе има и дискусија за тоа: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?; Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?; Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот?; Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста?

Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK