AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски оствари средба со премиерот Заев

Градоначалникот Јаневски оствари средба со премиерот Заев
Објавено на: 17 Nov 2017

По 12 години градоначалник на општина Струмица, на која што и го трасираше европскиот пат и ја направи најпосакувано место за живеење во Македонија, Зоран Заев, денеска, како Претседател на Владата на Република Македонија, беше во прва посета на општина Струмица. На средбата со градоначалникот Коста Јаневски, разговараа за практицирањето на локалната власт во првиот месец по изборот на Јаневски. 
Премиерот Заев се интересираше како функционира Општината, општинската администрација, претпријатијата и институциите кои што се во надлежност на локалната самоуправа и несебично го пренесуваше своето 12-годишно градоначалничко искуство. 
Градоначалникот Јаневски потенцираше дека е чест и задоволство да се води општина Струмица, која има цврсто поставени темели кои и овозможуваат прогресивен развој и гарантираат квалитетен живот на нејзините граѓани. Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го изразија своето задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт, нагласувајќи дека таа уште повеќе се интензивира, затоа што заедничка цел им е обезбедување квалитетен живот за сите граѓани кои иднината со своите деца ќе ја градат тука, во Струмица и Македонија.

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK