AMD Strela

 

„НОВУС“ привршува со проектот за прибирање и обработка на информации од јавен карактер

„НОВУС“ привршува со проектот за прибирање и  обработка на информации од јавен карактер
Објавено на: 18 Nov 2017

Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица го реализира проектот „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР, преку кои  ќе се креираат истражувачки медиумски содржини со цел  зголемување на информираноста на граѓаните“.

Целта на проектот е анализа, oбработка, прибирање и ефективна примена на информациите од јавен карактер поврзани со економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина како основа за отчетност и транспарентност на институциите во насока на подобрување и остварување на правата на граѓаните, креирање истражувачки стории и зголемување на степеност на информирање на јавноста.

Во изминативе неполни шест месеци проектниот тим на „НОВУС“ работеше на прибирање на податоци од јавен карактер, а завршниот настан е планиран за 30 овој месец, кога треба да бидат соопштени резултатите од реализираните истражувања.

Инаку, проектот се реализира преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK