AMD Strela

 

Алкохол и караница за мобилен причина за убиството во Гевгелија

Алкохол и караница за мобилен причина за убиството во Гевгелија
Објавено на: 22 Nov 2017

Двајца гевгеличани К.И.(31) и Р.К.(43) се осомничени од страна на полицијата дека извршиле убиство над нивниот сограѓанин Б.Р. (41), соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Осомничените полицијата ги товари дека првопријавениот сторил кривично дело „убиство“, а второпријавниот кривично дело „помагање на сторител по извршено кривичн дело“.

Според досегашноте сознанија на полицијата констатирано е дека К.И.вечерта на 20 овој месец некаде меѓу 21,00 и 22,00 часот дошол во семејната куќа на Р.К. во Гевгелија, каде ги затекнал второпријавениот и жртвата Б.Р. При тоа, извадил шише ракија и заедно започнале да пијат. Во еден момент настанала вербална расправија во која К.И. го обвинил Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон. По ова, К.И. најпрвин со употреба на физичка сила му нанел на Б.Р. удари во пределот на лицето, а потоа во континуитет продолжил на свиреп начин да му нанесува  физички удари во пределот на главата предизвикувајќи смртни последици. Откако Б.Р не давал знаци на живот, К.И. и Р.К. прво го преместиле телото во друга просторија, а потоа Р.К. со умисла се обидел да ги прикрие трагите од кривичното дело. После ова К.И. заминал кај пријател да преноќи.

За настанот полицијата била информирана од вработен во итната медицинска помош во Гевгелија, каде било пријавено дека во куќата на пријавениот Р.К има починато лице.

По наредба на јавниот обвинител телото на жртвата е дадено на обдукција во судска медицина. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Р.Т.

Aster Fest Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK