AMD Strela

 

Алкохолизмот најчеста причина за насилството врз жените

Алкохолизмот најчеста причина за насилството врз жените
Објавено на: 02 Dec 2017

Во рамките на глобалната кампања иницирана од Обединетите Нации ,,16 дена активизам против родово базирано насилство’’ денес во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа дебата насловена како ,,Заедно против насилството врз жените“, чиј покровител беше Зорица Заева, сопруга на премиерот Зоран Заев, а во организација на Здружението „Организација на жени“ од Струмица. На дебатата излагање имаше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека насилствтото врз жените отсекогаш било присутно на овие простори, н во последно време тоа не е зголемено, туку е зголемен бројот на тие што го пријавуваат.

-Токму затоа сите институции во моментов се подготвуваат за ратификација на Истанбулската конвенција која што ќе ни даде обврска голема како држава,  да постои координиран систем помеѓу сите институции за одговор на родово базирано насилство. Ќе треба да се воспостават сервиси кои што ќе одговараат на потребите на жртвите на родово базирано насилство и институциите и судовите нема да смеат да затајуваат, рече министерката Царовска.

За сопругата на премиерот Заев, Зорица, под чие покровителство се одржа ова дебата, најважно е да не постои толеранција за насилството.

-Не постои во овој свет место на жените и место на мажите. Сите сме еднакви. Не постојат права на жени,  туку постојат човекови права и овде како што реков сите сме еднакви, рече Заева во своето обраќање.

Во Макоднијаја има четири шелтер центри за семејно насилство, а од министертвото за труд и социјална политика најавуваат и отворање на прв шелтер центар за заштита од сексуално насилство.

Инаку, на дебата покрај министерката за труд и социјална политика и спругата на премиерот Заев, зборуваа и Јована Тренчевска од Сектор за еднакви можности при ресорното министерство, националниот технички координатор на СЗО за Република Македонија, Д-р Елена Костова, директорката на Клиника за гинекологија, Д-р Викторија Јовановска, Маја Иванова, виш инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција при СВР Струмица, Нетка Ковачева, адвокат, и Д-р Ана Филипче, психолог.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK