AMD Strela

 

Продолжува поддршката на рудникот САСА за лицата со посебни потреби

Продолжува поддршката на рудникот САСА за лицата со посебни потреби
Објавено на: 03 Dec 2017

И оваа година, по повод 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рудникот за олово и цинк САСАја обезбеди неопходната финансиска поддршка за организација на настанот за одбележување на овој денво Македонска Каменица.

Традиционалната прослава, која се одржува секоја година, ја организираше огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во МакедонскаКаменица, во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“.

„Лицата со посебни потреби често пати се соочуваат со голем број предрасуди и изолација во средината во која живеат. Затоа секоја прилика за дружење, забава и внимание кое за некои луѓе можеби претставува секојдневие, за овие луѓе има посебно значење. Рудникот САСА е еден од субјектите кои со својата континуирана поддршка што ни ја дава, покажува на дело дека целосно го разбира ова, за што ние и нашите членки сме им благодарни“, изјави претседателката на споменатите здруженија,Наташа Џевелекова.

На присутните им се обрати и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова која меѓу другото нагласи дека во иднина ветува зголемена и директна соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации.

Секој човек, без оглед на својот статус и потреби заслужува да биде еднакво среќен и прифатен во општеството, велат во САСА, објаснувајќи го мотивот на компанијата за поддршката што секоја година ја обезбедува за активностите што ги спроведуваат здруженијата на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. На тој начин компанијата придонесува за подигнување на јавната свест за потребите на овие лица.

Во текот на годините рудникот САСА организираше различи прослави и дружења со лицата за посебни потреби од градот во различни поводи, а со своја донација учествуваше и во хуманитарната акција за собирање средства наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби во градот. Поддршка на рудникот САСА за лицата со посебни потреби ќе продолжи во континуитет, уверуваат во компанијата.  

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK