AMD Strela

 

Општина Струмица и „Комуналец“ ќе спроведат ЕКО акција по повод новогодишните празници

Општина Струмица и „Комуналец“ ќе спроведат ЕКО акција по повод новогодишните празници
Објавено на: 04 Dec 2017

„Ветивме дека чистата животна средина ќе биде мој и приоритет на општина Струмица. Така и ќе работиме. Иако, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ секојдневно ја одржува јавната чистота во градот, сакам да најавам дека ќе спроведеме поширока акција во пресрет на новогодишно - божиќните празници. Тоа значи дека во неа ќе бидат вклучени повеќе институции, градежни фирми и секако граѓаните. А понатаму планираме годишно да спроведуваме по четири вакви големи акции. Сегашната ЕКО акцијата ќе започне на 6 декември (среда) и ќе трае до 24 декември. Целта ние машински и рачно да ја исчистиме секоја јавна површина во градот, секое маало, улица, тротоар, да ја отстраниме секоја дива депонија. Со оваа акција овозможуваме и граѓаните да си ги исчистат домовите и дворовите од  непотребниот отпад“, рече градоначалникот Коста Јаневски во денешната најава за спроведување на ЕКО акцијата.

За динамиката на спроведувањето на акцијата зборуваше директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.

 „Во секој од трите реони два дена во неделата ќе се врши генерално рачно и машинско чистење на улиците. На 6 и на 10 декември од 7 до 16 часот ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица–населено место Баница. На 13 и 17 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток. На 20 и 24 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок. Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии како што се на улица „Климент Охридски“,на излезот од Струмица кон комплексот Македонска Куќа, на патниот правец Струмица – Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“, рече Горгиев.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK