AMD Strela

 

Градоначалникот Јаневски ги прифати сите предлози од граѓаните за буџетската 2018 година

Градоначалникот Јаневски ги прифати сите предлози од граѓаните за буџетската 2018 година
Објавено на: 05 Dec 2017

На втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум која што синоќа се одржа во домот на АРМ, градоначалникот Коста Јаневски ги прифати сите 45 проекти кои што беа предложени од граѓаните на првата сесија. Пред присутните на сесијата тој детално ги образложи сите проекти и им се заблагодари на граѓаните за добрите предлози потенцирајќи дека во нив има вистински партнери во креирањето на општинскиот буџет за 2018 година.

-Со вашето присуство ја потврдувате желбата за заеднички развој на нашата општина и подобрување на условите за живот во градот и населените места и тоа за сите категории граѓани. Посебно ме радуваат вашите предлози од првата сесија на овој Граѓански форум. Сите детално ги разгледавме заедно со моите соработници, навистина има прекрасни проекти од сите области и навистина ви благодарам за нив. Дел од нив веќе се планирани во програмите на Општината за наредната буџетска година, што посебно ми е драго, бидејќи тоа значи решаваме проблеми и го планираме локалниот развој во иста насока. Инаку, буџетот за 2018 година на општина Струмица ќе тежи 1.203.576.217 денари, од кои 481.873.139 денари се однесуваат на блок дотации, 40.929.000 денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, 54.762.299 денари се однесуваат на донации, 50.000.000 претставуваат кредити и најзначајниот дел претставуваат средства од основниот буџет во износ од 576.015.279 денари. Во однос на донесениот ребалансиран буџет за 2017 година предложениот буџет е зголемен за 7 проценти.
Најголемиот дел од буџетот се сопствените изворни средства со 48 проценти од вкупните средства во буџетот за 2018 година, 40 проценти се блок дотации, 3 проценти се средства од самофинансирачки активности, 4 проценти се кредити и 5 проценти се донации. Вкупниот износ на капиталните расходи во основниот буџет кои го сочинуваат Развојниот дел од вкупниот буџет за 2018 година изнесува 324.872.000 денари и претставува 57 проценти од основниот буџет на Општината, рече Јаневски.

На втората сесија беа презентирани развојните програми на општина Струмица за 2018 година по што истите беа рангирани од страна на граѓаните. Прворангирана е Програмата за улици и патишта, втора Локален економски развој, трета Програмата за уредување на рурални подрачја, па следуваат образование, социјална заштита, уредување на градежно земјиште, култура и спорт.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK