AMD Strela

 

Тренчовски го постави „Идиот“ на сцената во Струмица

Тренчовски го постави „Идиот“ на сцената во Струмица
Објавено на: 06 Dec 2017

В сабота (20 часот) струмичкиот театар „Антон Панов“ преку режисерското видување на Горан Тренчовски на „Идиот“ од Достоевски ќе се престави со уште една премиера. Во овој најнов театарски проект на Тренчовски настапуваат актерите Игор Тодоров, Кољо Черкезов и Јулија Милкова.

Според режисерот, „Идиот“ е драмски игропис за кризата на духовниот идентитет.

-Во низата фрагментарни сцени „во живо“, се преплетуваат и неколку ретроспекции и визии. Во таа жестока атмосфера на вербално-телесен „двобој“ има места и за искрени искушенија и длабоки пречистувања. Претставата на метатеатарски начин допира суштински проблеми и дилеми кои ја опседнуваат кревката човечка индивидуа од минатото до денес. Меѓу другото, се обидуваме да одговориме на неколку клучни егзистенцијални прашања: „Дали постои чесност?“; „Каде сме, каде одиме?“; „Колку вреди да се застане во одбрана на убавината?“; „До каде може да стигне лудилото?“ И во тие драматично возбудливи мигови, кога на Едниот, атеистот, му се случува поматување на умот, сведочиме за постапките на Другиот, следбеникот на Христос... LUMEN COELI, SANCTA ROSA!, рече режисерот Горан Тренчовски.

„Идиот“ на репертоарот на струмичкиот театар се поставува во знак на 150 годишнината од првата објава на ова ремек дело на генијалниот Достоевски.

Р.Т.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK