AMD Strela

 

Полицијата пронашла апарат за коцкање во Противпожарната единица во Радовиш

Полицијата пронашла апарат за коцкање во Противпожарната единица во Радовиш
Објавено на: 07 Dec 2017

 Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против: Г.К. (47)  од Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Комар“.

Имено, на 20.10.2017 година во 12,30 часот при вршење на контрола на патниот сообракај на регионален пат Р-1310 во с. Раклиш, од страна на Сообраќајна патрола во координација со НК за КР Радовиш, било  запрено ПМВ  управувано од вработен во ТППЕ Радовиш.  Поради постоење на основи на сомневања дополнително се превземени  полициски дејствија и извршен увид во документацијата и преглед на службени простори во ТППЕ Радовиш.  При постапувањето, во една од службените простории  бил забележан апарат за забавни игри со натпис „Magic Multi Energia Game“ кој се става во погон со пари, жетони или на друг начин. За настанот веднаш е запознаен јавен обвинител од ОЈО Радовиш а со Решение од судија на претходна постапка на Основен суд Радовиш апаратот е одземен.

НК за КР – Радовиш по целосно документирање на настанот достави кривична пријава до ОЈО Струмица  против пријавениот како одговорно лице во ТППЕ-Радовиш, кој во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со  „Законот за игрите на среќа и за забавните игри“, за што  постојат основи на сомневања дека го сторил кривичното дело .

Извор: Соопштение на СВР Струмица

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK