AMD Strela

 

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот во Струмица

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот во Струмица
Објавено на: 07 Dec 2017

Советниците од ВМРО ДПМНЕ денес ја напуштија четтвртата седница на Советот на општина Струмица во знак на подршка и солидарност со притворените за настаните од 27 април во Собранието на РМ.

-Во чести и поддршка, солидарност на нашите родољубиви браќа Македонци и сестри и мајки и татковци, родители, уставобранители на Република Македонија кои се неправедно обвинети и притворени од страна на моменталната власт, ја напуштаме денешната седница на Советот, рече координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Александар Донев.

Тој не одговори дали ќе присуствуваат на наредните седници на Советот.

Според претседаелот на Советот, Марјан Даскаловски, политиката не смее да биде дел од работата на ова тело.

-Сакам да прашам дали насилното влегување во Собранието, тепањето на пратениците и присутните новинари е патриотизам? Дали треба тие да се солидаризираат и во нивна чест да не дебатираат за останатите точки кои беа на дневен ред и се од интерес на граѓаните. Сметав дека оваа советничка група е поразлична и дека нема да води политика туку ќе работи во интерес на граѓаните на општина Струмица. Советниците требаше да останат тука до крај, да дебатираат, да гласаат за или против, рече Даскаловски.

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK