AMD Strela

 

Промовирана бесплатната електронска верзија на Правописот на македонски јазик

Промовирана бесплатната електронска верзија на Правописот на македонски јазик
Објавено на: 07 Dec 2017

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, денеска, на свеченоста по повод претстојниот патронен празник на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ја промовираше бесплатната електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик.

 „Го имам задоволството да ве информирам дека од денеска, на адресата www.pravopis.mk на Интернет, под страница на НУБ, е поставена бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик, кој ќе може да се користи и симнува лесно од сите нас. Сметам дека оваа вест претставува голема радост за граѓаните, пред се’ Македонците, не само во нашата земја, затоа што со неа добиваме одличен и практичен инструмент за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик, во јавните објави и во јавната комуникација“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски во своето обраќање.

Тој, посебно ја истакна улогата на НУБ ,,Св. Климент Охридски“ како библиотека со над седум децениска традиција, која е водечки извор на материјали во истражувачката дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на земјата, со фонд на изданија што содржи над три милиони единици.

„Оваа Библиотека е мошне важна за сите нас, не само поради историјата и знаењето што ги акумулира во себе. Таа е место во кое живее и се негува нашиот јазик, столбот на македонскиот идентитет, таа е место кое ја продолжува мисијата на Св. Климент и сите оние кои посветено и со големи жртви низ вековите го чуваа и негуваа јазикот на народот, успевајќи да ги победат сите предизвици и обиди за асимилирање и обезличување“, рече министерот Алаѓозовски честитајќи го празникот Св. Климент Охридски.

Бесплатната електронска верзија на македонскиот Правопис е дел од предвидените мерки на Програмата за работа на Владата, преку кои ќе се развиваат потребните механизми за остварување на Стратегијата за заштита, унапредување и афирмација на македонскиот јазик.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK