AMD Strela

 

Земјотресот предизвика минимални оштетувања на објекти во Дојран

Земјотресот предизвика минимални оштетувања на објекти во Дојран
Објавено на: 02 Jan 2018

Земјотресот кој утрово во 5,24 часот беше почувствуван во југоисточниот дел на државата, според неофицијални информации предизвика само мали оштетувања на дел од објекти во Стар и Нов Дојран, кои се најблиску до епицентарот на земјотресот во близина на македонско-грчката граница. Според изјави на жители забележани се мали изронувања на малтерот од куќите и напукување на ѕидовите од постарите куќи и други објекти. Има и испаѓани предмети, а лустерите се нишале десетина секунди.

Според градоначалникот на Стар Дојран, Анго Ангов, до 10 часот претпладне граѓаните не пријавиле штети предизвикани од земјотресот.

И во струмичко Ново Село, кое географски е многу блиску до епицентарот на земјотресот, нема забележано оштетувања на објекти.

Во Дојран интезитетот бил од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Струмица со интензитет од VI степени, во Кавадарци, Радовиш, Берово со V степени според истата скала-информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Утринскиот земјотрес бил со интензитет од 4,7 степени по Рихтер со епицентар на 25 километри од северезападно од Кукуш.

Земјотресот бил почувствуван и во Бугарија, во областа на градот Петрич.

Од доцна синоќа од 23,15 часот регистрирана е серија земјотреси, кои потекнуваат од граничниот регион меѓу Дојран и Кукуш, а најсилниот се случил утрово.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK