AMD Strela

 

Агенцијата за млади и спорт со поддршка за „Пандев Куп“

Агенцијата за млади и спорт со поддршка за „Пандев Куп“
Објавено на: 02 Jan 2018

Агенцијата за Млади и Спорт на Македонија (АМС) ќе биде еден од покровителите на првиот „Пандев Куп“ кој ќе биде во организација на струмичкиот прволигаш.

Спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчовски денес оствари средба со директорот на АМС, Дарко Каевски кој доби подарок два дреса. Еден од Џенова од Горан Пандев и еден од Академија Пандев.

На средбата беше истакнато дека АМС во рамки на своите можности ќе го поддржи овој проект кој ќе биде масовен и во кој учество ќе земат голем број на млади дечиња.

Првиот „Пандев Куп“ ќе се одржи во четири фази. Првиот турнир е од 1. до 4. март, потоа од 12. до 14. април, како и летото кога во период од 30. јули до 4. август и од 6. до 11. август ќе има уште два турнири.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK