AMD Strela

 

Трета кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село

Трета кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село
Објавено на: 03 Jan 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Б.В. (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353  став 5 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службента положба и овластување,  склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5(пет) на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад,  склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот - правно лице од Струмица, без спроведување на јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години. Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице - Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг  временски рок.

Инаку, ова е трета кривична пријава за пранешниот градоначалник на Ново Село. Лани во ноември струмичката полиција му поднесе уште две-една за „послужување во службата“ и втората за “посебни случаи на фалсификување исправи“ 

 Извор: Веб страница на МВР

 

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK