AMD Strela

 

Утревечер „Божиќна Евровизија“ на струмичките гимназијалци

Утревечер „Божиќна Евровизија“ на струмичките гимназијалци
Објавено на: 03 Jan 2018

За утревечер е најавено одржувањето на осмиот Божиќен традиционален хуманитирен концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“, насловен како „Божиќна Евровизија“. Хорот, солистите,бендот и ритмичката група од струмичката гимназија ќе одржат два концерти. Притоа ќе исполнат голем број победнички песни од Евровизиските фестивали од 1974 до 2014 година.

На влезот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации. Собраните средства ќе бидат наменети за финансиска помош за лекување на неколкумина струмичани.

-Музичарите и танчерите-учесници на концертот, едногласно се сложија да одржиме втора изведба истата вечер, со цел да успееме да собереме поголем број финансии за донации. Драго ни е што повторно успеавме да разбудиме толкав интерес меѓу струмичани,рече професорката Анита Станковска, која во изминативе осум години заедно со колегите Денис Кирчанов и Полина Ашикова го организираат хуманитарниот концерт.

Концертите запоќнуваат во 19 и 21 часот во НУЦК „Антон Панов“.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK