AMD Strela

 

Младите струмичани хуманитарно ја донесоа Евровизија за Божиќ

Младите струмичани хуманитарно ја донесоа Евровизија за Божиќ
Објавено на: 04 Jan 2018

Седумдесет ученици од гимназијата „Јане Сандански“ заедно со нивните професори Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова по осми пат го приредија традиционалниот божиќен хуманитрен концерт. На годинашниов, на сцената во НУЦК „Антон Панов“ ги донесоа евровизиските хитови од 1974  до 2014 година.Со прекрасни аранжмани и кореографија солистите, хорот, бендот и ритмичката група во еден здив ги отпееја и одиграа евровизиските песни победнички. Посебни блокови беа посветени на македонските улесници на Евровизија, како и на поранешните учесници од Југославија. Концертот заврши со најпознатиот и најпродаваниот евро сонг-Ватерло на шведката група АБА.

Средствата собрани од продажба на влезници и од донациите ќе бидат предадени на неколкумина лица од Струмица за лекување.

Хумантирниот концерт го проследи и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеници од Струмица и пратеникот Мухамед Зекири и членови на Советот на општина Струмица. Сите пред почетокот на концерот ја искажаа својата хуманост донирајќи пари во специјално поставената кутија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK