Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „силување“, казниви по член 186 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.
-Пријавениот ги извршил делата во периодот од 01.45 часот на 29 декември до 05.00 часот на 2 јануари оваа година на подрачјето на Струмица. Според документираните сознанија, Т.Т., на улиците „Васил Сурчев“, на бул. „Маршал Тито“,„Младинска“, ул. „Невена Стојкова“ и ул. „Народна Револуција“, ги напаѓал жртвите, но откако му пружале отпор бегал од местото, рече портпаролот на СВР Струмица Хризатема Рендевска.
Таа информираше дека на 2 јануари годинава, по извршено кривично дело, во момент кога бегал, забележан е од полициски службеници, по што бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Струмица.
По целосно документирање на настанот, тој со кривична пријава е предаден во Основното јавно обвинителство Струмица..
Извор: МИА
„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…
Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…
Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…
Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…
Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…