AMD Strela

 

Детска Бадникова поворка во Струмица

Детска Бадникова поворка во Струмица
Објавено на: 06 Jan 2018

Во рамките на прославата на Бадник и Божиќ  и во Струмица се одржа детска бадникарска поворка. Таа тргна од црквата „Свети Кирил и Методиј“, а заврши во храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. Во текот на литијата децата ја пееја песната „Вечниот бог“.

Отец Јаков од Струмичката епархија на децата им подари пакетчиња и притоа истакна дека со овој начин на одбележување на Бадник треба полека да се истисне пеењето на несоодветни песни за овој празник.

-Денешната Коледарска литија нека ни послужи како добар пример какви песни треба да се пејат за Христовото раѓање наспроти сте оние со паганска и морбидна содржина, во кои се пее за зло за убивање, за мачење, за страдање, а тоа што го пееја децата е во склад со духот и атмосферата што реба да го проникнува овој најзначаен настан во човековата историја-раѓањето на нашиот спасител Господ Исус Христос, рече Отец Јаков од Струмичката епархија.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK