AMD Strela

 

Семејство од Струмица настрада во сообраќајна несреќа во САД

Семејство од Струмица настрада во сообраќајна несреќа во САД
Објавено на: 07 Jan 2018

Петчлено семејство од Струмица настрадало во сообраќајна несреќа во САД во четвртокот.

Од засега непознати причини автомобилот со кој се превезувало семејството Доневи излетал од патот, по што на местото на несреќата загинала мајката Виолета (41), а сопругот е потешко повреден. Трите деца, едно машко и две женски близначки, поминале со полесни повреди.

Според информации од струмичани кои живеат во САД, семејството Доневи над десетина години живееле во Чикаго.

Кобниот ден семејството се враќало од Флорида и во близина на Нешвил, во државата Тенеси, на автопатот број 65 се случила несреќата.

Македонците кои живеат во САД покренаа иницијатива за собирање финансиска помош за настраданото семејство.

Извор:МИА

Фото: од местото на сообраќајната несреќа

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK