AMD Strela
River Soft

 

Премиерот Заев ги посети штитениците во Заводот во Банско

Премиерот Заев ги посети штитениците во Заводот во Банско
Објавено на: 08 Jan 2018

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска беше меѓу штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, соопшти владината прес служба.

Со заедничкото одбележување на вториот ден од големиот верски празник Божик, продолжува традиционалното тринаесетгодишно пријателство помеѓу претседателот на Владата, Заев и штитениците, деца и возрасни, згрижени во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Средбата помина во празнична атмосфера, низ опуштен другарски разговор, со оглед дека зад ова пријатество се наоѓаат поминати заеднички единаесет новогодишни ноќи и ланскиот Божик.

Штитениците од Заводот му се заблагодарија на премиерот Заев за неговата истрајна верба и заложбите да им помага, додека беше градоначалник на општина Струмица, што продолжува и денес, кога тој е претседател на Владата на Република Македонија.

На Божикната средба се споделени размислувања како ќе се подобрат условите за живот на штитениците во Заводот во Банско и за поефикасно остварување на нивните социјални права.

Премиерот Заев им соопшти дека на ова веќе се работи во Министерството за труд и социјална политика, а во насока на нивна подобра заштита, нега и грижа, дека се разгледуваат можностите за зголемување на бројот на болничари и хигиеничари во Заводот.

Она што е нагласено од страна на штитениците во Заводот во Банско, на средбата со премиерот Заев е значењето на примерот што го дава премиерот Заев во општеството, низ искреното пријателство со нив, а кој што испраќа порака на еднаквост на сите граѓани во Република Македонија.

Определбата на Владата да обезбеди еднакви можности за сите граѓани во државата носи заедничка среќна иднина на сите во Република Македонија, заклучено е заеднички на денешната празнична средба на премиерот Зоран Заев со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK