AMD Strela

 

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари

Струмичкиот карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари
Објавено на: 09 Jan 2018

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Трите главни карневалски денови се 16, 17 и 18 февруари.

Со традиционалниот маскенбал (16 февруари) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (17 февруари) на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.

Според претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, се очекува учество на дваесетина карневалски групи од странство.

-Во најголем дел странските карневалски групи го потврдија учеството. Годинава посебен акцент ставаме на групата од Аруба (Карипските острови) која ќе има специјален настап после карневалот со настап на диск џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот, а годинава имаме идеја да воведеме стимулативна мерка за учество на нови карневалски групи на нашиот карневал, вели Цицимов.

Тој додава дека и покрај тоа што новиот Организационен одбор, кој што беше избран на 27 декември лани поради одржувањето на локалните избори, и започна со подготовките по нова година, нема да биде пречка навреме да бидат завршени сите подготовки за уште едно гламурозно издание на Струмичкиот карневал.

Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на плоштадот во Струмица, а на 19  е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал. Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари. Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

Извор:МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK