AMD Strela

 

Мерењето на загаденоста на воздухот во Струмица се врши со станица на пробна работа

Мерењето на загаденоста на воздухот во Струмица се врши со станица на пробна работа
Објавено на: 09 Jan 2018

Во врска со информациите за енормното загадување на Струмица со ПМ 10 честички, денеска реагираа од Општината. Во реакцијата стои дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период да не се земаат предвид.

-По завршувањето на сите активности, како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата, како и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територија на општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното, стои во официјалната реакција.

Додаваат дека Конкретно заради транспарентност и отчетност , а се со цел заштита на животната средина, во соработка со Министервството за заштита на животната средина и просторно планирање инсталирана е мерна станица за мерење на загадувањето на воздухот.

Понатаму во реакцијата стои дека општина Струмица прва во државата го почна процесот на гасификација со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се овозможи чист амбиентален воздух.

-Како  пример Општина Струмица ги гасифицираше сите институции во надлежност на општината.  Гасификацијата како мерка и на институциите на територија на општина Струмица и на домаќинствата и производствените капацитети е најдоброто решение за справување со загадувањето на воздухот, пишува во реакцијата на општината.

Општинските служби  информираат дека од анализите кои се правени се покажало дека во најголем дел загадувањето на воздухот се должи на употребата на несоодветни фисилни горива за загревање како пто се иверки, стар намештај, моторно масло, прехранбено масло, пластика, гуми и други несоодветни горива.

Предложение се и конкретни мерки за намалување на аерозагаденоста, како што се редуцирање на употребата на моторните возила, бидејќи во Струмица и пешки се завршуваат најглем дел од основните потреби на граѓаните.

 Потоа, инспекциските служби во надлежност на Општина Струмица засилено да го наблудуваат теренот и да вршат контроли, посебно кај стопанскит субјекти дали ги спроведуваат нормативите во нивното производство и загревање на просториите согласно употребните дозволи за заштита на животната средина.

Сообраќајните и комунални инспектори во соработка со СВР Струмица ќе ги отстрануваат моторните возила кои незаконски вршат загадување на воздухот како учесници во секојдневниот сообраќај.

Во изманитиве денови, според податоците кои беа објавувани на апликацијата „Мој воздух“, Струмица беше општина со најзагаден воздух во државата, а вчеравечер беа измерени над 700 микрограми ПМ 10 честички на еден кубен метар.

Извор: МИА

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK