AMD Strela

 

Компостирање-отпадот не е проблем, туку ресурс

Компостирање-отпадот не е проблем, туку ресурс
Објавено на: 11 Jan 2018

Отпaдот не е проблем, туку на него треба да се гледа како на ресурс, рече на денешната завршна прес конференција директорката на Центарот за за развој на Југоисточниот пласнки регион, Жулиета Ѓуркова. На пресот беа презентарани резултатите од  проектот „Размислуваме за компостирање-посветени на одржување на органскиот синџир.

 Проектот се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијацијата на Југозападни општини од Република Бугарија.

-Со проектот беа опфатени вкупно 27 општини-десет од Македонија и 17 од Бугарија. Со имплементацијата беа распоредени вкупно 800 компостери во домаќинствата во прекуграничниот регион. Во Југоисточниот регион компостери добија 400 домаќинства, а граѓаните кои добија компостери беа запознаени со процесот на компостирање преку инфо деновите, презентациите како и брошурите за компостирање кои им беа доделени. Беше креирано и емитувано видео за проектот и за компостирањето на регионалните телевизиски станици со цел подигнување на јавната свест и промовирање на придобивките кои луѓето и животната средина ќе ги добијат со компостирањето, рече на почетокот директоркаа Ѓуркова.

На прес конференцијата беше презентирана и „Студијата за анализа на потенцијалите за компостирање во домашни услови во Југоисточниот плански регион“.

-Секој од нас како индивидуа генерира околу 500 килограми отпад на годишно ниво, а некаде од 40 до 60 проценти е органски отпад, односно биоразградлив отпад кој моментално како фракција се одложува заедно со целокупниот комунален отпад. Нашата цел беше подигање на јавната свест кај населението во двата погранични региони и наместо одлагање на тој отпад во постојните депонии да биде искористен како ресурс. Фактот дека поделените 400 компостери беа недоволни во однос на барањата од граѓаните покажува дека сме ја постигнале целта на проектот, но и ни дава поттик за веќе да размислуваме како овој проект да биде надграден и да ги прошириме и продолжиме активностите од овој тип“ истакна Ѓуркова.

Вкупниот буџет на проктот изнесува над 117 илјади евра, а средствата се обезбедени од Европската унија, преку програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

Извор:МИА

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK