AMD Strela

 

Јаневски: Општина Струмица ќе продолжи да создава живот без бариери

Јаневски: Општина Струмица ќе продолжи да создава живот без бариери
Објавено на: 05 Feb 2018

Општина Струмица денеска ги промовираше резултатите од проектот „Специјално патничко возило за сите ранливи групи во општина Струмица“ во просториите на домот на АРМ. На промоцијата, а на која присуствуваа претставници на здруженијата од социјалната област и родители на деца со посебни потреби, зборуваше градоначалникот Коста Јаневски, кој ги потврди заложбите негови и на Општината, за подобрување на условите за живот на сите ранливи групи граѓани и создавање на живот без бариери.

-Водејќи се од принципите на рамноправност, еднаквост и солидарност, општина Струмица води континуирана грижа за сите категории граѓани, а посебно за оние на кои им е потребна помош за да им обезбеди достоинствен живот. Дека е така, потврдува и денешниот настан на кој ги промовираме резултатите од проектот „Специјалното патничко возило за сите ранливи групи граѓани во општина Струмица“. Овој проект е еден од двата од социјалната сфера кои што ги имплементира општина Струмица, а кои што се донација од Владата на Република Бугарија во износ од 180 илјади евра. Неговата цел е унапредување на социјалната мобилност на лицата од ранливите групи, посебно на децата со интелектуална попреченост од сите категории. Специјалното патничко возило ќе го реши проблемот со превозот на децата до институциите каде што ги вршат нивните лични и општествени активности, како што се престој или следење на специјална или редовна настава и тоа со специјална придружба на стручно лице согласно законските прописи, а определено од институциите каде што децата дневно престојуваат или следат настава. Возилото ќе се користи според утврдениот Оперативен план кој што е направен по претходна консултација и организирана средба со претставници на здруженија и родители на деца, односно, со директните корисници на возилото. Со него ќе се врши организиран групен превоз за активности од јавен и општествен интерес на ранливите групи. Ја користам оваа можност јавно да и се заблагодарам на Владата на Република Бугарија за донацијата со која реализираме два проекта од социјалната област, а Вам почитувани корисници на специјалното патничко возило, ви посакувам со здравје и успех да ги користите неговите услуги. Општина Струмица ќе продолжи да ги подобрува условите за живот на лицата со посебни потреби, ќе продолжи да создава живот без бариери, затоа што сите живееме во ист свет и имаме еднакви права, рече Јаневски.

Оперативниот план за користење на специјалното патничко возило го презентираше Тони Милушев, раководител на одделението за Локален економски развој. Вкупниот буџет на проектот изнесува 35.790,43 евра.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK