AMD Strela

 

Младите струмичани дебатираа за „Македонија на патот кон ЕУ-можности, придобивки, закани“

Младите струмичани дебатираа за „Македонија на патот кон ЕУ-можности, придобивки, закани“
Објавено на: 07 Feb 2018

Ученици од средните училишта организирани во Младинскиот Совет вечерва во Домот на АРМ во Струмица дебатираа на тема „Македонија на патот кон ЕУ-можности, придобивки, закани“.

Дебатата ја организираше Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица.

Целта е преку дебата на младите да се промовираат европските вредности, принципи и политики заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, демократијата и хармонизирањето со ЕУ.

Според организаторите,со јавната дебата се поттикнува зборувањето за важни прашања од национален интерес, како што е прашањето за Европската Унија и преку учество во дебатата да се иницира размислување кај граѓаните, со посебен акцент на младата популација.

-Ние како организација остануваме доследни на ставот дека примарно треба да се работи на локално ниво на промовирање на ЕУ политиките и истите да се шират на ниво на цела држава, рече Венерка Ристова од „НОВУС“.

Јавната дебата се организира во рамките на проектот за институционална поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија за програмско јакнење на организацијата.

ИЗВОР:МИА

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK