AMD Strela

 

Струмичани многу читаат, но заборават да ги вратат книгите

Струмичани многу читаат, но заборават да ги вратат книгите
Објавено на: 10 Feb 2018

Во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица членуваат околу 3.000 љубители на пишаниот збор. Интересот за зачленување од година во година расте, а огромниот книжен фонд го користат читатели на возраст од 4 до 85 години.

-Најмладиот запишан читател ни е на четири годишна возраст, а најстариот, учителка во пензија, е на возраст од 85 години, информира директорката Тања Гошева.

Според нејзина оценка струмичани дефинтивно сакаат да читаат, а причината за тоа е во традицијата која опстојува со децении, но и на способноста на тимот кој работи во библиотеката.

-Ние како библиотека се трудиме секогаш да ги купиме најновите наслови на барање на читателите, но и тоа што ние ќе оцениме дека треба да го купиме како најнови изданија на издавачите. Се трудиме да ги следиме модерните текови на издаваштвото и постојано купуваме книги и го обновуваме книжниот фонд, вели директорката Гошева.

Една од причините за зголемување на бројот на членовите во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ е и воведувањето на така наречениот „фамилијарен упис“. Годишната членарина за една година изнесува 250 денари, но доколку од едно семејство се зачленат тројца тогаш имаат можност тоа да го направат за 400 денари.

Најголем проблем за струмичката библиотека, но и генерално за библиотеките во Македонија, е невраќањето на позајмените книги.

-Тоа е проблем на сите библиотеки во државата, па и во Струмица. Ние имаме со години невратени книги. Едноставно ги молиме граѓаните да не ги фрлаат книгите, туку да ги вратат, а ние нема да ги казниме поради тоа што не ги вратиле на време. Ги имаме нивните членски картончиња, ги бараме, но многу тешко ги наоѓаме, бидејќи ги промениле телефонските броеви. Со тоа ни се намалува книжниот фонд и наместо книгите да бидат изложени во нашите рафтови тие се наоѓаат кај несовесните читатели, додава директорката Тања Гошева.

Таа додава дека поголем дел д вкупниот број членови се повозрасни граѓани, кои повторно се враќаат на читањето.

Покрај тоа, во последно време чести се посетите од ученици од основите и средните училишта кои се запознаваат со значењето на книгата и библиотекарството.

ИЗВОР:МИА

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK