AMD Strela

 

Кик боксерот Пепи Велков спортист на годината на Струмица

Кик боксерот Пепи Велков спортист на годината на Струмица
Објавено на: 10 Feb 2018

Кик боксерот Пепи Велков, член на клубот „Тим Зоран“ е избран за спортист на годината на Струмица.

Во име на Велков, кој не можеше да присуствува на доделувањето, признанието го прими неговиот тренер Зоран Спасов.

Одлуката ја донесе жири комисијата на синоќешната манифестација, на која беа избрани најдобрите спортисти и спортски работници во општината за минатата година.

За најдобра екипа е прогласен Одбојкарскиот клуб „Струмица“, освојувач на шампионската титула и купот, а тренерот на струмичките одбојкари, Кире Ричлиев е прогласен за најдобар во сениорска конкуренција.

За најдобар млад спортист на Струмица е избран Витанче Витанов од Кик клубот „Тим Зоран“, а тренерот на кик боксерите Зоран Спасов ја доби наградата за најдобар тренер во младински категории.

Наградите на најдобрите спортисти и екипи им ги врачија градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, кои беа и покровители на манифестацијата.

ИЗВОР:МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK