AMD Strela

 

Пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово повредени во сообраќајна несреќа кај Демир Капија

Пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово повредени во сообраќајна несреќа кај Демир Капија
Објавено на: 11 Feb 2018

Вчера околу 17.50 часот на патот Демир Капија – Удово, на место викано „Маркова чешма“, се случила сообраќајна незгода во која Мери Лазароав (33), пратеничка од СДСМ од Валандово, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот.

Веднаш потоа, А.М. (57) од Богданци, управувајќи товарно возило „Волво“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој возел зад “Опел“-от, удрил во возилото „Опел Корса“.

Лазарова и сопатникот во „Опел“-от Перо Костадинов(30),  градоначалник на општина Валандово, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци. Кај Костадинов биле констатирани телесни повреди, додека кај пратеничката Лазарова биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите, М.Л. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK