AMD Strela

 

Градоначалникот на Струмица го предаде клучот од градот на карневалџиите

Градоначалникот на Струмица го предаде клучот од градот на карневалџиите
Објавено на: 14 Feb 2018

Со симболично предавање на клучот на градот од страна на градoначалникот на Струмица, Коста Јаневски на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, официјално беше означен почетокот на годинашниве карневалски празнувања во Струмица.

-Со надеж дека ќе имаме уште едно успешно издание на карневалските свечености и со уверување дека Струмица повторно ќе ги отвори своите порти за добредојде на гостите од Македонија, Балканот, Европа и светот, со задоволство сакам да го предадам клучот на градот на струмичките карневалџии, кои во наредните осум дена ќе ја водат Струмица во насоката која сите ја посакуваме. Тие тоа го заслужуваат. Тоа го заслужува Струмичкиот карневал, рече градоначалникот Јаневски при обраќањето на свеченоста.

Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, заблагодарувајќи се за гестот на локалната власт, на градоначалникот Јаневски му ја стави карневалската шапка на главата, со што, како што рече отсега и тој е дел од карневалџиите.

Покрај предавањето на клучот, кој градоначалникот на Струмица го донесе придружуван од мажоретки и од своите соработници, со звуците на химната на Струмичкиот Карневал беа кренати знамињата на Карневалот, градот Струмица, Република Македонија, ЕУ и Федерацијата на европските карневалски градови.

Вечерва со почеток во 18 часот со Детскиот маскенбал почнуваат маснифетациите на Струмичкиот карневал.

Во наредните осум дена најголемо внимание ќе привлече интернационалната карневалска вечер, која се одржува в сабота и на неа се очекува да учествуваат 41 групи со околу две илјади учесници.

ИЗВОР: МИА

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK