AMD Strela

 

Отворен „Пандев Куп 2018“

Отворен „Пандев Куп 2018“
Објавено на: 07 Mar 2018

Вечерва на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица со свечено дефиле на екипите учеснички на Првиот меѓународен фудбалски турнир „Пандев куп 2018“ свечено беше отворен овој голем спортски настан. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, а преку видео врска младите фудбалери ги поздрави најдобриот македонски фудбалер на сите времиња и сопственик на Академија Пандев, Горан Пандев.

Во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна:

-Од вечерва па во наредните неколку денови, на задоволство на сите вистински поклоници на фудбалската игра и на спортот воопшто, ќе се случува празник на фудбалот, со уверување дека овој наш град, како и многу пати досега, ќе покаже и докаже дека секогаш е одличен домаќин на големи меѓународни спортски натпреварувања. Овој пат чест и задоволство е да се биде домаќин на еден масовен фудбалски собир на млади фудбалери, наречен „Пандев куп“, а по заслуга на фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ и на познатиот струмички и македонски интернационалец од европски и светски глас, Горан Пандев. Самиот податок дека на овој „Пандев куп“ ќе настапат дури 64 екипи со околу 850 фудбалски таленти во четири старосни категории, од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија, зборува за значењето на овој голем спортски настан. Во исто време се дава до знаење, дека не е можен квалитет во фудбалот без вистинска грижа за младинските категории. Токму затоа, ваквите и слични спортски манифестации и иницијативи во кои во преден план се младите, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката на Општина Струмица.

Горан Пандев во своето поздрвно обраќање истакна:

-Овие денови во Струмица би сакал да владее спортот и другарството, но и да биде место за нови пријателства и фудбалски возбудувања.Сакам Струмица да биде почеток на вашите фудбалски кариери и би сакал да се сеќавате секогаш  на овој турнур дека сте биле во мојот роден град каде ја почнав мојата кариера, рече Пандев.

Младите фудбалери ги поздрави и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

-Впрочем една од најголемите заложби на Агенцијата за млади и спорт е вложување во младинските категории со цел за поголема афиримација и промоција на спортот кај младите, рече директорот Каевски.

На турнирот учествуваат 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска со околу 850 фудбалски таленти во четири старосни категории (фудбалери родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година)  поделени во 16 групи од по четири екипи.

Турнирот финансиски го помогнаа Агенцијата за млади и спорт, Општина Струмица и ФФМ.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK