AMD Strela

 

Испораката на огревно дрво во Струмица ќе се врши на време

Испораката на огревно дрво во Струмица ќе се врши на време
Објавено на: 07 Mar 2018

Испораката на огревно дрво за идната грејна сезона ќе се врши на време и без проблеми, информираат од ЈП „Македонски шуми“, Подружница Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица.

Според директорот Љупчо Митров, од 13 јануари годинава тече потпишувањето договори за испорака на огревно дрво со граѓаните.

-За оваа сезона на располагање имаме 2,5 илјади кубни метри даб и 10 илјади кубни метри бука. Во споредба со лани количината е зголемена за 30 отсто и со тоа ќе ги задоволиме потребите на граѓаните од Струмичкиот регион, вели Митров.

Во „Беласица“ се оптимисти дека годинава снабдувањето со огревно дрво ќе се врши во текот на летните месеци, а на како порано дури по почнувањето на грејната сезона, во зимските месеци.

-Испораката на огревното дрво очекуваме да почне кон крајот на април и почетокот на мај. На 24 овој месец треба да ни помине тендерот за превоз, а тој за сеча на дрвото веќе ни помина. Во споредба со минатите години сме за 3-4 месеци порано и затоа одговорно тврдам дека испораката ќе тече без проблеми, додава директорот Митров.

За него е мошне значајно што најголем дел од шумските патишта се веќе отворени, бидејќи тоа е ден од најважните фактори за навремена испорака на огревното дрво.

-Веќе имаме отворено патишта за превоз на 10 илјади кубни метри огревно дрво и ни остануваат да отвориме патишта за преостанатите 2,5 илјади кубни метри. Покрај тоа, квалитетот ќе биде многу подобар во споредба со лани, бидејќи сечата ќе се одвива машински, а количините за трета класа огревно дрво ќе бидат намалени поради машинската сеча, заврши директорот на Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, Љупчо Митров.

Инаку, цената на огревното дрво останува иста како лани. Еден просторен метар дабово огревно дрво се продава за 2.470 денари, а буката за 2.370 денари. На овие цени се доплаќа уште 150 денари за превоз за секој метар просторен огревно дрво.

МИА

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK