AMD Strela

 

В недела литија во Струмица со иконата на Богородица Скоропослушница

В недела литија во Струмица со иконата на Богородица Скоропослушница
Објавено на: 07 Mar 2018

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Скоропослушница“, која пред една година, на 12 март лето Господово беше донесена на дар во храмот на „Светите 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Стурмица, од страна на монасите од Светогорскиот манастир Дохијар, во саботата на 10 март во споменатиот храм ќе биде отслужено бдение со почеток од 20:30 часот, соопштија од Манастирот Свети Јован Бигорски.

Следниот ден празничната Архиерејска Литургија е предвидено да започне во 07:30 часот, по што следи свечена литија со чудотворната икона, која ќе започне во 10:00 часот од храмот и ќе се движи низ улицата „5-ти Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие-доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат ќе се врати во храмот.

Се покануваат верниците да дојдат во градот на славните Тивериополски маченици и да го споделат ова духовно ликување заради благодатното присуство на Богомајката, која преку својата чудотворна икона „Скоропослушница“ ја посети Струмица и изобилно го излеа својот благослов врз оваа земја.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK