AMD Strela

 

Рудникот САСА отвори канцеларија за комуникација со локалната заедница

Рудникот САСА отвори канцеларија за комуникација со локалната заедница
Објавено на: 10 Mar 2018

Рудникот за олово и цинк САСА ја отвори својата прва локална канцеларија за комуникација со граѓаните. Канцеларијата е сместена во зградата на општината Македонска Каменица, а нејзината основна цел е да им овозможи на сите заинтересини граѓани од градот и населените места во неговата околина што полесно да ги добијат сите неопходни информации повразни со функционирањето на рудникот.

- Постојаното унапредување на комуникацијата и соработката со локалната заедница е еден од најзначајните определби и приторитети на рудникот САСА. Бидејќи рударскиот комплекс е одалечен повеќе од 15 километри од градот, многу често на луѓето им претставува проблем да патуваат до него. Со отворање на оваа локална канцеларија сметаме дека ќе им олесниме на сите оние кои сакаат да остварат комуникација со компанијата“, објаснува генералниот директор на рудникот САСА, Неил Стевенсон. 

Покрај најразлични информации за работата на рудникот, канцеларијата ќе биде отворена и за предлози за соработказа подобрување на животот во локалната средина од страна на поединци и граѓански организации, како и апликации за вработување.

- Му честитам на рудникот САСА за инцијативата за отворање на ваква канцеларија за комуникација со граѓаните. Тоа на најдобар начин покажува дека компанијата е навистина отворена за потребите на граѓаните и за уште поефикасна соработка со заедницата, што е особено значајно за нејзиниот натамошен развој, изјави градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, при посетата на канцеларијата. 

На почетокот, канцеларијата за комуникација со граѓаните ќе работи секој петок, од 08:00 до 16:00 часот, кога во Македонска Каменица е пазарен ден и повеќето жители од овој регион доаѓаат во градот за најразлични потреби.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK