AMD Strela

 

Научен симпозиум за „Наративните и естетските вредности во филмот Златна Петорка“

Научен симпозиум за „Наративните и естетските вредности во филмот Златна Петорка“
Објавено на: 10 Mar 2018

Во Струмица се одржува симпозиум под наслов „Наративните и естетските вредности во филмот Златна петорка“. На овој научен собир со свои реферати ќе настапат повеќемина реномирани професори, интелектуалци, уметници и академски личности.

Поводот за одржување на овој симпозиум е сумирањето на досегашните меѓународни успеси, позитивни критички одгласи и квалитети на овој македонски филмски проект кој продолжува со пласманот и дистрибуцијата.

Филмот „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, досега го виделе над 70.000 гледачи дома и надвор, а беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017) во Македонија. Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено 10 награди.

Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски.

Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и други. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ - Скопје).

 Настанот е во самостојна организација на продукцијата на филмот. 

 Наскоро дел од оваа филмска екипа започнува подготовки на нов филм кој е во развојна фаза и за кој веќе има заинтересирани странски партнери.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK