AMD Strela

 

Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесе повеќе значајни одлуки

Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесе повеќе значајни одлуки
Објавено на: 13 Mar 2018

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа четвртата редовна седница во просториите на Советот на општина Валандово.
На оваа седница се разговараше за повеќе теми од интерес на регионот и се донесоа неколку значајни одлуки. Градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за рaзвој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019. 
На оваа седница исто така се донесе и Одлуката за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Oдржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација. Согласно оваа одлука во наредниот период Центарот, со поддршка на претставници на општините и други заинтересирани страни од регионот ќе преземаат низа активности за подготовка на предлог проекти и нивно аплицирање до оваа Грантова шема.
На четвртата седница се усвои и Одлуката за взаемна активност на општините за третирање против возрасни комарци и ларви во 2018 година на територијата на општините од Југоисточниот плански регион. Значајно во оваа одлука е тоа што оваа година општините од регионот за прв пат ќе прскаат и против ларви, покрај авионското третирање против возрасни комарци со што се очекува многу подобри резултати и ефекти од оваа постапка.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK