AMD Strela

 

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево
Објавено на: 14 Mar 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.С (51) од с.Едрениково, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“  по чл.353  ст.1 од КЗ на РМ.

 Пријавениот во својство на Градоначалник на Општина Василево, искористувајќи ја својата службена положба, со пречекорување на границите на своето законско овластување, во текот на 2016 и 2017 година за туѓи потреби, односно за потребите на друго правно лице од Василево, како и за приватни патувања и одигрување на фудбалски натпревари надвор од Р.Македонија, на лица кои воопшто не биле вработени во Општина Василево им овозможувал  да ги користат службените возила на општината, иако тие лица немале право односно не ги исполувале законските услови за користење на службените возила на Општина Василево.

 Со таквите дејствија кои се состојат од давање на послуга на службени возила на Општина Василево, пријавениот овозможил прибавување корист на лица неовластени за нивно користење на штета на Општина Василево.

 По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Струмица

Извор: Соопштение на СВР Струмица

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK