AMD Strela

 

Крводарителска акција во Василево

Крводарителска акција во Василево
Објавено на: 11 Apr 2018

Денес во просториите на општина Василево успешно беше спроведена крводарителска акција во која граѓаните на општина Василево како и многупати досега се вклучија и  ја покажаа својата хуманост на дело. Собраните дваесетина крвни единици се потврда за успешноста на денешната акција во која вообичаено учествуваа вработените во општинската адмнинистрација како и вработени во другите општински институции.

„Крводарителските акции се хуман чин преку кој граѓаните доброволно даруваат крв со цел да помогнат во спасувањето на нечиј живот“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој го поддржува ваквиот партнерски начин на организирање на крводарителските акции во кои  општината помага просторно и организациски.

Задоволство од текот и резултат на акцијата изрази и претставничката од Црвениот Крст, Заге Каменчева која изрази посебна благодарност до градоначалникот и општината за  успешната организација на денешната акција.

„ Оваа соработка со општината не ни е прва и истата продолжува и понатаму како на различни проекти така и кога станува збор за крводарителски акции. Затоа упатувам голема благодарност до градоначалникот што ни овозможи да ја спроведеме акцијата овде и до сите хумани граѓани и вработени во општината кои ја искажаа својата хуманост преку дарување на крв“, изјави Заге Каменчева од организацијата на Црвен Крст,  Струмица.

Novus

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK