AMD Strela
River Soft

 

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Радовиш

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Радовиш
Објавено на: 13 Apr 2018

Полицијата му поднесе кривична пријава на поранешниот градoнaчалник на Радовиш С.Н. (39) поради основано сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената  положба и овластување“, соопшти денес портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Според неа, С.Н. на почетокот на јули лани пстапил спротивно на актите на општината и потпишал налог за користење на службено возило „Пежо 528“ сопственост на Општина Радовиш на лице кое не било вработено во Општината за патување на релација Радовиш-Чинарџик, Република Турција.

-На 22 јули 2017 година, на враќање од Република Турција, физичкото лице со возилото предизвикало сообраќајна незгода во Република Турција, со што била причинета материјална штета на патничко возило „Форд“ во висина од 43.000 денари. По пристигнувањето во Република Македонија возилото „Пежо–528“ веднаш било однесено на поправка за што било платено на рака 10.000 денари. Подоцна, било утврдено и друго оштетување на возилото во висина од 20.487 денари, кое се уште не е санирано, рече поррпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес конференција.

На тој начин пријавениот нанел штета на буџетот на Општина Радовиш во висина од 63.750 денари.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK