AMD Strela

 

Работна конференција на Локалниот совет за превенција на Василево

Работна конференција на Локалниот совет за превенција на Василево
Објавено на: 13 Apr 2018

Локалниот совет за превенција на општина Василево денес одржа работна конференција на која релевантните локални фактори расправаа за улогата и значењето на партнерскиот пристап во идентификувањето и решавањето напроблемите на локално ниво.

Претставници од полицијата, од Управата за водење матични книги, од Црвениот Крст, од Дирекцијата за заштита и спасување, Републичкиот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна служба, Основното јавно обвинителство, НВО-секторот, верските заедници, членови на општинскиот совет и општинските јавни институции како и граѓани од населените места на општината расправаа за состојбите во заедница и можностите за надминување на одредени локални проблеми и ситуации со заедничка вклученост на повеќе фактори и во соработка со локалното население.

„Соработката  на локалната самоуправа, полицијата и граѓаните во изнаоѓањето на  решенија за локалните проблеми во која секој од партнерите има конкретна улога во зависност од надлежностите,  претставува основа за подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој беше домаќин на денешната Конференција.

Презентација за значењето и суштината на Локалниот совет за превенција,  улогата на градоначалникот како и партнерството меѓу полицијата и заедницата имаше Хризантема Рендевска од отсекот за превенција при СВР- Струмица, која се осврна и на досегашните искуства и практика.

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK