AMD Strela

 

Василево и Струмјани заедно ја подобрија енергетската ефикасност

Василево и Струмјани заедно ја подобрија енергетската ефикасност
Објавено на: 16 Apr 2018

Општините Василево и Струмјани од Република Бугарија заеднички работеа на инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност во изминативе две години.

Со околу 247 илјади евра, средства обезбедени од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА, македонската општина го реконструираше училиштето во село Седларци, а бугарската  го подобри уличното осветлување во едно населено место.

-Во училиштето е извршена замена на старата столарија, поставена е нова термофасада и фотоволтаични панели од кои училиштето ќе се снабдува со електрична енергија. Покрај тоа, инсталирано е централно топловодно затоплување на пелети и соларни системи за производство на топла вода. Од вкупните средства општина Василево искористи 50 илјади евра и плус 10 илјади кофинансирање, рече градоначалникот на Василево, Марјан Јанев во обраќањето на завршната конференција од проектот.

Според градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, двете општини и порано соработувале на заеднички проекти, но со овој втор проект целосно ги реализирале зацртаните цели.

-Во најголемото населено место во нашата општина, село Микрево, изградивме ново улично осветлување со штедливи светилки со што ги намаливме трошоците за улично осветлување за 30 отсто, рече градоначалникот на бугарската општина Струмјани, Емил Илиев.

Со проектот администрациите на двете општини ги намалија своите трошици за одржување на училиштето и за уличното осветлување, а со инвестицијата се намалува и емитувањето на штетните гасови за 20 проценти и потрошувачката на енергија за за 35 проценти.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK