AMD Strela

 

Струмичанец лажно се претставувал како стручњак за безбедност при работа

Струмичанец лажно се претставувал како стручњак за безбедност при работа
Објавено на: 27 Jun 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  С.М (35) од Струмица,  поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Лажно претставување“.

Имено, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист се претставувал како претставник на правно лице специјализирано за вршење на стручни работи за безбедност и здравје при работа, со решение и овластувања од Министерството за труд и социјална политика.,

Во неколку правни лица извршил стручни дејствија кои се состојат од изработување и спроведување на обуки за вработните за безбедно извршување на работата, вршење на проценки за ризик и микроклиматски мерења, како и разни мерења на физички штетности (ниво на топлина, бучава и осветленост), а кои дејствија пријавениот не смеел и не можел да ги извршува бидејќи истиот немал соодветно образование и немал никакви овластувања и сертификати за вршење на таквите работи од Министерството за труд и социјална политика согласно одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа.

На тој начин пријавениот доведувајќи ги во заблуда, нанел директна финансиска штета на лиценцираните компании  на подрачјето.

Извор: Соопштение на СВР Струмица

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден…

„Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми…

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но наградите ги заобиколија...

Фото-Пејачките со стилот блеснаа во Валандово,но…

Куси здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици, свечени фустани....Вака беа облечени македонските…

Во Дојран немаше игла каде да падне

Во Дојран немаше игла каде да падне

Дојран никогаш не бил пополн и попосетен за првомајските празници. На брегот и бројните сместувачки капацитети…

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија во болница

Инцидент на струмичкото корзо-двајца завршија…

Вечерва околу 23 часот на струмичкото корзо се случи инцидент, во кој двајца засега непознати граѓани…

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри на Охридски трубадури

,,Моја кралице,, и Јордан Митев најдобри…

Фолк пејачот Јордан Митев на фолк-вечерта од фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури 2014 со песната…

FACEBOOK